Реконструкција на санитарните јазли во ООУ „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка

Во ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка започнаа градежни активности за комплетна реконструкција на санитарни јазли со отстранување на досегашната доводна и одводна инсталација.Со оваа активност се предвидува поставување на нова водоводна и канализациона инсталација, со нова санитарија, плочки, врати и штедливи лед арматури за осветлување, а предвидено е и поставување на хидранти на секој спрат.Како што изјави директорот на ООУ „Јоаким Крчовски“, Дане Петровски, сите овие активности треба да бидат завршени до почетокот на новата учебна година, а наредната планирана активност е целосна реконструкција на фасадата на овој училишен објект со поставување на термо изолација, за енергетска ефикасност на објектот.Исто така во тек се и активности за санација на постоечката училишна ограда на учлишниот објект во с.Луке, со која се врши заштита на содржините во училишниот двор, како од влегување на животни, така и од други надворешни фактори.Реализацијата на овие градежни зафати се одвива според програмата за оддржување на училишните објекти со средства обезбедени од Министерството за образование.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e