Реконструкција на неколку средни училишта на територијата на Град Скопје

Согласно со заложбите на Градот Скопје за подобрување на условите во кои учат средношколците и во кои работи наставниот кадар, локалната самоуправа на Град Скопје продолжува со реконструкции во средните училишта.

Во СУГС„Панче Караѓозов“ се заменуваат старите и целосно уништени врати со нови и се реконструира оштетениот под во училиштето.

Во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ се врши реконструкција на покривот на училишниот објект.

Во СУГС „Јосип Броз Тито“ се менува дел од старата внатрешна столарија и се поставуваат нови плочки на терасите од училниците.

Во СУГС „Кочо Рацин“ се реконструираат санитарните јазли во фискултурната сала на училиштето.

68294567_2483929401653257_7293388857028902912_n 67925796_2483929564986574_6397707946100260864_n 67801477_2483929534986577_8955117940143816704_n 67679225_2483929418319922_5252409411443359744_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e