Во периодот од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Куманово санкционирани се 118 возачи поради управување возило со брзина поголема од пропишаната, информираат од МВР.
Од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.