Речиси три години нема пишани полициски казни во Арачиново

Внатрешната контрола при МВР вчера утврдила дека полицајците од Полициското одделение Арачиново не напишале казна уште од ноември 2015-та. Во петокот во Арачиново биле испратени служби од МВР, кои констатирале дека списи нема, а вчера на терен изглегла и внатрешната контрола.

„Во ПО Арачиново сè уште нема списи, а немало ни претходно. Тоа го тврдам под целосна одговорнсот, во интерес на службата и целата јавност“, тврди полицаецот Дејан Саздов, претседател на Независниот синдикат на полицијата за сообраќајна полиција – Скопје, за Макфакс.

МВР објаснуваше дека во текот на изминатите месеци на патот кон Арачиново биле изречени 54 казни, но не објасни дали мерките ги изрекле полицајците од ПО Арачиново или колеги од други подрачни едници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e