Реализирана прва успешна соработка помеѓу ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка и Europe House

Во Крива Паланка се реализира прва успешна соработка помеѓу ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка и Europe House – Крива Паланка.
222Учениците од ова училиште под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски за прв пат остварија настап во Europe House-Крива Паланка. Уметниците се претставија со инструментални музички композиции од реномирани европски композитори, како дел од одбележувањето на 9. Мај – Денот на Европа, Денот на победата над фашизмот и Денот на мајките.

184176611_161871295868065_4282154044977726958_nПрофесорката Жулина-Митовски изрази задоволство од успешниот настап на младите музичари и од, за прв пат, остварената соработка со Европската куќа во градот.
„Навистина е задоволство што за прв пат остваривме соработка со Europe House-Крива Паланка, во чии простории настапија нашите музичари. Амбиентот беше прекрасен, а посебно радува што по подолго време имавме настап со физичко присуство што е одлично искуство за учениците во услови на онлајн настава. Моите ученици се многу среќни од настапот во живо, нивните родители се гордеат што си нив, бидејќи одлично се претсавија пред професионалните камери“, порача проф. Жулина-Митовски.
111Дел од уметничкито израз на младите таленти може да погледнете од видеото во продолжение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e