Реакција за лажните објави на социјалните мрежи и некои портали за поројните дождови што ја зафатија Струмица

Деновиве на социјалните мрежи, од страна на неколку портали, познати по своето тенденциозно и пропагандистичко информирање, но и на некои други, досега непознати за пошироката јавност, беа објавени текстови и фотографии поврзани со поројните дождови што ја зафатија Струмица. Таквите објави се се друго, само не одраз на вистината за невремето и последиците од него, и истите ги поминуваат сите можни граници за некакво „објективно“ информирање, реагираат од општина Струмица.

Целта на овие портали, како и многу пати до сега, е повеќе од провидна, а таа е, да се покаже успешното работење на Општина Струмица во поинакво светло и да се дискредитира името на поранешниот градоначалник Зоран Заев. Информациите кои ги објавија овие портали се полни со невистини и инсинуации, а најголемиот дел од објавените фотографии не се од Струмица. Со таквото флагрантно кршење на сите правила и норми во информирањето, порталите ја замајуваат пошироката јавност, обидувајќи се притоа да го дефокусираат вниманието на истата од откривањето на вистината за состојбите во Република Македонија. Општина Струмица, најостро реагира и го осудува таквото информирање, и ќе бара соодветно санкционирање на сите оние кои ги фабрикувале лажните информации.

Должни сме да ја информираме целокупната јавност, дека невремето во Струмица, проследено со енормни врнежи од дожд кои достигнаа до 71 литар на метар квадратен, токму поради вложувањата на Општина Струмица во одводната мрежа, помина со незначителни последици. За тоа сведочи и податокот дека до сега, ниту едно семејство не пријавило штета од поплавите. Навремената интервенција на екипите на ЈПКД „Комуналец“ во неколкуте поплавени улици и дворни места, придонесе состојбата за многу кус временски период да се нормализира.

Ако се знае дека дури и мали врнежи од дожд предизвикуваат поплави во Скопје и други градови во Македонија, и ако си спомнеме на трагичните поплави во скопско кои однеа бројни човечки жртви, тогаш примерот на Струмица треба да се ползува како позитивен урнек за едно успешно работење, и за тоа како се заштитуваат граѓаните и нивните материјални добра.

Поранешниот градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев, со реализацијата на капиталниот проект – „Ободен канал“, кој беше обврска да го изгради поранешната државна власт, покажа на дело, како се спасуваат критичните улици од понатамошно поплавување, што беше пример порано. Токму поради тоа, поројните врнежи од дожд од 71 литар на метар квадратен, од кои можат да се поплават и големи европски градови, во Струмица поминаа со незначителни последици.
Затоа, сите тенденциозни објави на порталите кои му слугуваат на режимот, остануваат само лош пример за едно лошо време, кое полека но сигурно изминува, стои во реакцијата од општината.

18738442_1307577222629038_3707315829234693244_o 18698046_1307577125962381_4071413207744785239_n 18671232_1307577225962371_2747537560199120001_n 18664354_1307577215962372_7935449375174240218_n 18664216_1307577139295713_2304400577265143955_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e