Ранец, училишен прибор и 3000 денари за сите првачиња од Општина Крива Паланка

Општина Крива Паланка ќе ги зарадува првачињата со повеќе подароци за среќен почеток на учебната 2023/24 година.

3000 денари, ранец и училишен прибор за секое прваче во Крива Паланка
Секое прваче ќе добие по 3000 денари, како и и училишен прибор, обезбедени од буџетот на општината.

Дополнително, за сите првачиња се обезбедени училишни ранци со училишен прибор од познатиот бренд “Таргет”, како донација од локална фирма.

„Се грижиме за нашите најмлади, инвестираме во дечињата, во првачињата, иднината на општината“, вели градоначалникот Сашко Митовски.

Финанасиската поддршка за учениците почетници е воведена од минатата година на иницијатива на градоначалникот. За оваа намена во 2022 година биле издвоени 423.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e