Двајцата работници кои починаа, а откако врз нив паднала земја при вршење на ископ на земјиште со багер имале 26 и 28 години и биле браќа.
Полицијата соопшти дека настанот се случил денеска околу 11 часот при вршење на ископ на земјиште со багер за водоводна мрежа, при што дошло до лизгање на земјиштето и притоа во каналот од лизгањето затрупани се три лица кои работеле на ископот. Две од затрупаните лица на возраст од 26 и 28 години починале на лице место, додека третото лице (54 години) со возило на Итната медицинска помош е пренесено во ГОБ „Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.
Според Алсат-М, двајцата загинати биле браќа, а нивинот татко бил сопственик на фирмата.