Пуштени во употреба две занимални за дечињата во градинката „Детелинка“ Крива Паланка

-Навистина е убаво денеска да се биде во Крива Паланка затоа што секогаш инвестицијата која ја правиме во инфраструктурата, детска заштита значи инвестиција во нашите деца, инвестиција во државата,рече министерката Мила Царовска при денешната посета на ДГ Детелинка во Крива Паланка на проширените капацитите на објектот.

69664178_515445619254447_1006758527663865856_n

Министерската  упати благодарност до Фонадацијата Отворено општество за која како што рече го препознала инвестирањето во училишното образование а Крива Паланка е една од двете општини каде инфраструктурно се инвестира. Според неа, за нашата држава дополнително важно е да се инвестира и во квалитетот на предучилишното образование ,инфраструктурата е важна но важен е и квалитетот на работа на воспитувачите,негувателите и на програмата за предучилишно образование на што интензивно се работи.

69773895_1166329970233586_8805311538148671488_n

– Платите на воспитувачите, негувателите и на целиот кадар го зголемивме на 16%, дополнително од месец септември 2019 година, следува ново покачување на платите за сите вработени во градинките во висина од 5 отсто и со тоа имате покачување од 21 % на платите што е голема мотивација за сите вработени кои, со години не беа удостоени со соодветна награда за нивнито труд.  Дополнителната имплементација на програмите за предучилишно образивание ќе биде многу важна и ако веќе инвестираме во воспитувачите, инвестираме во децата, инвестираме во инфраструктура, нашите децата мора да добијат соодветно образование и да ги подготвиме за старт на училиште и на тоа во наредниот период интензивно ќе работиме.

69848554_461980381199076_7869561305357615104_n

Царовска очекува поддршка и од директорите, градоначалниците, воспитуивачите и од негувателите затоа што, како што рече таа децата не се во градинка само да бидат нахранети или редовно заспани туку треба да добијат и соодветно предучилишно образование за да бидат подготвени со понатамошните училишни предизвици.

70449776_332775564135402_1363663420833923072_n

-На Фондацијата отворено општество ова е еден од омилените проекти, ние веќе 25 години се залагаме за тоа дека во Македонија треба да има квалитетно предучилишно образование. Со овој потег да поддржиме реконструкција и реновирање на овие две простории и санитарните јазли практично сакавме да ги поддржиме напорите на Владата и министерката да се обезбеди поголем опфат на децата од предучилишно образование. Ние силно веруваме во тоа а и  сите други истражувања покажуваат дека предучилишното образование  практично е најважниот сегмент од образовниот процес , дека децата кои се опфатени имаат повеќекратни можности, шанси во животот да успеат и да направат подобар раст и развој  за самите себе во иднина,изјави Фани –Каранфилова-Пановска од ФООМ.

received_382090456036298

-Имаме претставник кој ни доаѓа директно до Грос Цимерн Германија ,зошто го споменувам,зашто лани кога бевме во псоета со делегација од општината ,наша збратимена и блиска оптшина градоначалникто на овој град даде мала парична донација  со која што за дечињата набавивме опрема.Можеби таа донација беше предвесник на се она што ни се случува во текот на оваа година.Влеговме заедно во проект, потпишавме договор со Министерството за труд и социјална политика и фондацијата “Отворено општество” за реализација на проектот за пренамена, адаптација и проширување на капацитетите на ОЈУДГ “Детелинка” .За само една година ние во овој објект инвестиравме околу 15 милиони денари што навистина не е за потценување и не се случило години нананзад,истакна првиот човек на Крива паланка,Борјанчо Мицевски.

Тој упати благодарност за досегашната соработка со министерката Царевски,потенцирајќи дека во моментов во фаза на корекција ефиналниот проект, за вториот објект  на Детелинка во центарот на градот а се однесува за надградба на цел втор кат на овој објект со што дополнително ќе се прошират капацитетите за сместување на тие дечиња.

-Со реализацијата на овој проект ќе се обезбедат одлично услови за работа на воспитувачите, негувателите но и на дечињата кои престојуваат овде. Верувам дека оваа соработка која ја имаме ќе продолжи и во текот на  наредниот период не само со Министерството, не само фондацијата туку и со други организации затоа што поддршката од Норвешка која ја добиваме оваа година за прв пат влегува во Македонија а ние сме една од четиритте општини кои користиме средства од овој грант.

69926830_2390675634357088_4530733173457289216_n

За таа цел градоначалникот Мицевски  на министерката Царовска и Фани  Каранфилова-Пановска од Фондацијата Отворено општество им подари плакета.

Директорката на Детелинка Мирка Јакимовска рече дека за нив ова е посебен ден зашто се отвараат две простории, занимални, донација од Отворено општество и опрема донација од Министерството за труд и социјална политика.

69583345_1350007408500133_6983167651321217024_n

– Заедно со заеднички труд дојдовме до реализација на овој проект, опремени две занимални и санитарни јазли  со што се исполнуваат стандардите за воспитно образовниот процес што треба да се одвива во нив а децата да имаат подобри услови,истакна Јакимовска која додели и благодарници за министерката Мила Цариовска и Фани Каранфилова-Пановска директорка на ФООМ.

69540685_447258855866852_4973375956136755200_n

За бројните гости дечињата од Детелинка имаа настап со две песнички.

69506324_2512265002165818_2606403124075692032_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e