Попладнево имало пукање пред влезот на хотел во Струга, соопшти МВР:
„На 25.02.2022 година околу 14 часот, во ОВР Струга пријавено е дека на влезот во хотелски објект на улицата „Партизанска” во Струга, било пукано од огнено оружје“, велат од полицијата.
Во пукањето нема повредени лица, во моментов се врши увид и по насока на Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.