Пукање на автопатот Скопје- Велес: Прилепчани им извадиле пиштол на полицајци, но во обид да избегаат удриле во наплатна рампа

Полицијата пукала во воздух за време на потера по прилепско „ауди“, по што биле уапсени И.Д.(29) и П.Б.(42), двајцата од Прилеп.

Инцидентот се случил околу 20 часот кај наплатна рампа на автопат А1 Скопје-Велес,.

При обид за сопирање и контрола на патничко возило „ауди А3″, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Д., П.Б, кој бил негов сопатник, вперил пиштол кон полициските службеници, а во обид да избегаат ја оштетиле наплатната рампа.

Полициските службеници испукале предупредувачки куршуми, а повредени лица нема.

Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e