(ВИДЕО) Прв тениски турнир за аматери „Крива Паланка-Ранковце опен“

На тениските терени во општина Крива Паланка и општина Ранковце, во текот на вчерашниот, се одржа првиот тунир за аматери „Крива Паланка-Ранковце опен 2018“, на кој учествуваа четиринаесет натпреварувачи од четири градови од Македонија и Бугарија.Турнирот е поддржан од локалните самоуправи на двете општини .

DSC07743

-Идејата за одржување на турнирот е релативно нова, но горд сум што истата се реализира за краток период, благодарение на пожртвуваноста и ангажманот на  Игор Петровски и Горан Станковски.Целта е овој турнир да премине во тардиција и од година во година да го омасовуваме се повеќе, со натпреварувачи од државата, но и од соседните Бугарија и Србија. Општина Крива Паланка во изминатите 12 месеци инвестираше многу во спортот, правиме заеднички напори со раководните лица на спортските клубови, регистрирана е за прв пат прва лига кошарка девојчиња и втора лига машки, ја донесовме ракометната школа на Металург, отворивме шаховски клуб, регистрирана е пливачка школа, ја заживеавме повторно фудбалската школа „Осогово“, која досега дала повеќе таленти што ја претставуваат општината на интернационално ниво, рече градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

DSC07746

Ги повика младите да ги користат терените што повеќе и да се занимаваат со овој, како што рече, најубав спорт.

-Посакувам да го заживееме и пмасовиме овој турнир и нашите две општини да бидат горди на своите спортисти, вложувањето во спортот има повеќекратен бенефит, младите се поттикнуваат на здрави и позитивни навики, добиваат можности и перспективи, а нашите општини имаат одлиќен инфраструктурен потенцијал, квалиеттни кадри и добри предуслови за спортски успеси, рече Ивица Тошевски, градоначалник на Ранковце.
Симболично, првото топче преку мрежата го префрлија двајцата градоначалници, Мицевски и Тошевски, со што беше официјално отворен турнирот.

DSC07728

На турнирот настапија натпреварувачи до Ќустендил, Р.Бугарија, Пробиштип,  Куманово и Скопје, кои играа на принцип на елиминација.

Со поддршка на спонзори обезбедени се реквизити и спортска опрема за сите учесници, а на најуспешните им беа врачени и вредносни ваучери.
DSC07712

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e