Вработените во затворот во Тетово, при контрола на храна и пијалоци кои ги донела мајката на еден од затворениците, пронашле кесичка со хероин во еден од кутиите со сокови, сооштија од МВР.
Храната и пијалоците биле доставени од И.С. (61) од Мала Речица, кои ги донела за нејзиниот син Ф.С. (29) кој се наоѓал на издржување на временска казна притвор.
По пријавата во СВР Тетово, излезено е на местото на настанот, и најдената материја е предадена на вештачење.