Пронајдена дрога при претрес во Скопје, приведено едно лице

Околу половина килограм марихуана, две паковки амфетамин, две ваги и шприц со масло од канабис се пронајдени во домот на 57-годишен скопјанец.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека по добиени оперативни сознанија и со судска наредба од Основниот кривичен суд вчера е извршен претрес во домот на А.С.(57) од Скопје.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e