Во Делчево вечерва беше промовирана збирката поезија „Душа чиста“ од делчевката Биљана Поповска. За своето првенче авторката вели дека станува збор за дело посветено на нејзиниот покоен сопруг.
-Најголем дел од песните во збирката поезија „Душа чиста“ се моменти од секојдневните моменти кои ги поминувавме заедно со мојот покоен сопруг Ѓорѓи Поповски. Ова е прва моја книга, а со пишување се бавам од детство и еве дојде денот „светлината на денот“ да ја види и мојата прва збирка поезија, истакна Поповска.
Промотор на настанот беше сатиричарот Миле Ѓорѓијоски, а извадоци од збирката читаа роднокрајни автори од Делчево.
-Како автор на рецензијата за оваа книга, од првиот до последниот стих делото диша со елегичен тон, никого не можат да остават рамнодушен кој ќе ја прочита. Јас од срце ја препорачувам, истакна рецензентот Васил Маневски.
Делото „Душа чиста“ е трета книга издадена под закрила на библиотеката „Заеднички шепотења“. Промоцијата се реализираше во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ од Делчево.