Во општина Гази Баба спроведена е акција за пролетна дератизација.
Со постапката за уништување на глодарите опфатени се 2500 шахти, за кои се употребува соодветен препарат. Акцијата ја изведува ЈЗУ “Центар за јавно здравје – Скопје”.
Дератизација на шахтите во општина Гази Баба се врши два пати во годината, напролет и наесен.