Проектот “Безбедни училишта-игри без граници”, реализиран во општина Крива Паланка

Денес на градскиот плоштад во Крива Паланка се собраа голем број родители и деца да учествуваат во спортско-рекреативните игри кои се дел од  проектот “Безбедни училишта-игри без граници”. Овој проект кој денес беше успешно реализиран и во општина Крива Паланка е во организација на отсекот за превенција при Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка,во соработка со СВР Куманово, отсек превенција, сојуз на училишен спорт на Куманово и Крива Паланка, основните и средното училиште од градот и Општинската организација на Црвен крст, Крива Паланка.

– Насилство во и врз училиштата зема се поголем замав, а насилството врз децата започнува уште во раната возраст и се провлекува низ подоцнежните фази на развој и во училиштата и во останатите сфери на социјалната средина. Насилството во училиштата во социолошката литература се третира како производ на општествената криза.Токму затоа отсек превенција при СВР Куманово го реализира проектот Безбедни училишта,кој низ различни активности во текот на годината, веќе повеќе години, влијае директно на превенција на насилството,на едукација на младите,на инволвирање на сите чинители, од родителите, наставниците и останатите “актери” во општеството,за да се променат нештата во позитивна насока. изјави Стојмир Стефановски, помошник командир за јавен ред и мир од отсек за превенција ПС ОН, Крива Паланка.

-Модерните технологии се наплив во социјалното живеење во денешницата, одземајќи го времето за дружба и квалитетно поминато слободно време на родителите и децата-рече градоначалникот Мицевски .

– Сите сме помалку или повеќе жртви на модерната ера, заборавајќи дека квалитетот на живот и посветеност на младите,на децата, придонесува за градење здрави навики на идните генерации.Овој вид игри за дружење без граници се само еден концепт кој треба да се пресликува што повеќе во нашето секојдневие, додаде  Борјанчо Мицевски,градоначалник на Крива Паланка.

Игрите вклучија трчање,штафетен полигон со погодување на зададена цел, заеднички активности за родителите и децата во екипите ,а крајниот резултат беше во втор план.На овие игри немаше победници и губитници,според она што го истакнаа организаторите сите кои денес дадоа свое учество во спортските игри, но и оние кои  дојдоа да ги бодрат, сите заедно се вистински победници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e