Привршува проектот “Создавање на услови за институционален развој на спортот во Крива Паланка”

Со финалната конференција, закажана за 28.06.2018 во просториите на Малата Сала на Советот на Општина Крива Паланка, ќе се заклучи проектот „Создвање на услови за институционален развој на спортот во Крива Паланка“, што здружението ЕГРИ од Крива Паланка го имплементираше во изминатите 8 (осум) месеци.

Во рамки на овој проект беа имплементирани повеќе активности, меѓу кои беше и создавање на услови за развој на спортот преку активно вклучување на сите релевантни чинители на локално ниво.

39925362_2163243877254402_3286202473148055552_n

Книгата насловена како „Историја на спортот во Крива Паланка “ напишана од страна на проф. Д-р Јордан Михајловски беше промовирана како проектна активност со цел побудување на љубов кај младите генерации за спорт. Во рамки на проектот беа спроведени и повеќе сесии и работилници со општински работници, претставници од Советот на општината, со цел застапување и нивна подршка за развој на сопртот.

Работилница за општествена одговорност и презентација на законските олеснувања при вложување и спонзорство во спортот исто така беше спроведена со претставници на локални компании.

42260142_2177529035825886_5279034635265769472_n

Со претставници на невладиниот сектор, но и спортски здруженија и образовни институции беше извршена и дводневна обука за пристап до фондови и раководење со проектен циклус.

42335841_2178299199082203_3865828607758696448_n

Спортските здруженија кои егзистираат на територијата на општината преку проектот како одржлива форма ќе бидат вмрежени во општински спротски сојуз , кој ќе изготви интегрирана програма која ќе биде доставена до Советот на општината со цел обезбедување на средства од општинската каса.

Проектот ќе финализира со финалната конференција , а е финансиран преку ЕУ, како подгрант  на Фондацијата ПРЕДА Плус од Скопје.

EU4K_Logo_Color_RGB - Copy

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e