На Граничниот премин „Деве Баир“, вчера во 15:00 часот при пасошка контрола на K.A.(61) од Турција, кој управувал товарно возило „рено“ и полуприколка со турски национални ознаки, било констатирано дека поседувал фалсификувани зелени карти. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.