На 19.05.2021 во 08.30 часот на Граничен премин „Деве Баир“ од слобода бил лишен К.Е.(44) од Република Турција, бидејќи при извршена пасошка контрола било констатирано дека поседувал фалсификувани зелени карти за товарно возило „волво“ и полуприколка со турска национална ознака, со кои патувал. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка, по што е поднесенa кривична пријава до Основното јавно обвинителство Крива Паланка.