Приведено едно лице на „Деве Баир“

Вчеравечер, во 22.30 часот на Граничен премин „Деве Баир“, при редовна контрола, полициски службеници констатирале дека А.Ч.(56) од Република Турција, кој управувал товарно возило „Даф“ и приколка со грузиска национална ознака, на увид доставил фалсификувани меѓународни зелени карти за осигурување од автоодговорност. Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e