Службеници од Полициската станица Центар вчера ги привеле Н.А. (57) и З.Ј. (52), и двајцата од Скопје, непосредно по извршеното кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ на скопскиот Плоштад „Филип Втори“.
Од МВР денеска информираа дека тие од С.Б. (20) од Скопје одзеле пари.
– Лицата биле приведени во полициска станица, а парите се одземени и вратени на сопственикот. По комплетно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по член 236 став 3 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.