Приведени две лица од Битола, кај кои полицијата пронашла и запленила хероин

На наплатна станица Сопот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија Велес на 9 мај годинава, во 17.00 часот, ги лишиле од слобода Г.Ц.(33) и О.Н.(35) од Битола.

Како што соопшти МВР, при преглед над нив и на патничко возило „голф“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ц., каде како сопатник бил О.Н., пронајден е и одземен хероин.

За настанот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по чл.215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e