Приведени двајца штипјани кај кои е пронајден хероин

Двајца штипјани денеска се лишени од слобода кај наплатната рампа „Миладиновци“ бидејќи при извршена контрола кај нив е пронајден хероин.

Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека станува збор за Т.З.(43) и Ш.Н.(30). При контрола кај сопатникот Т.З. пронајдено е полиетиленско пакување хероин.

Двајцата се приведени во полициската станица Гази Баба, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e