Приведени двајца разбојници во Скопје, одземените пари се пронајдени

Денеска (11.11.2021), полициски службеници од ЕВР Гази Баба ги лишиле од слобода П.Д.(19) од с.Инџиково, скопско и А.А.(18) од с.Глумово, скопско, поради сомнение дека околу 09.55 часот во спортска обложувалница на ул.„Маџари“ со закана од вработениот одзеле пари.

Тие набрзо биле приведени во полициска станица и во разговор со полициските службеници го признале делото. При претреси на две локации, извршени со судска наредба, биле пронајдени одземените пари и други предмети во интерес на истрагата.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e