Приведени четворица разбојници од Кавадарци

Четири лица од Кавадарци се лишени од слобода поради сомнение дека извршиле кривични дела – тешки кражби во неколку наврати, соопшти МВР.

– Завчера од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци од слобода биле лишени И.В.(19), Д.Џ.(18), Е.О.(34) и Е.О.(27), сите од Кавадарци, поради основано сомнение дека извршиле повеќе кривични дела. Притоа, од Е.О. е одземено патничко возило „пежо“, без регистарски ознаки, кое е користено при вршење на кривичните дела, а во возилото е пронајдена и одземена секира која е употребена при вршењето на делата. Четворицата кавадарчани во повеќе наврати во периодот од 3 до 9 декември 2020 година имаат извршено тешки кражби од кругот на пумпната станица, сопственост на фирма од Кавадарци, во м.в. Пумпите, атар на с.Ресава. Причинетата вкупна материјална штета е во износ од 917.550 денари (околу 15.000 евра), информираат од МВР.

Против осомничените до Основното јавно обвинителство во Кавадарци ќе биде поднесена кривична пријава по чл.236 ст.2 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e