Приведена тетовка за кражба во фирма

Тетовската полиција соопшти дека денеска била приведена 26 годишна жена како осомничена дека од фирмата во која работела украла пари од касата.

Според СВР Тетово, станува збор за 2600 евра.

– Околу 11 часот и 30 минути, на улица „ЈНА“ во Тетово, лишена од слобода е 26-годишната тетовка Д.Ј.,поради основи на сомнение дека претходно извршила кражба во фирмата во која работела, при што од касата одзела парични средства во вкупен износ од 2.600 евра.Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе и биде изготвен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Кражбата во продажниот салон на фирмата го пријавила одговорната на фирмата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e