Приведен криминалец баран со потерница, бегајќи со „пасат“ удрил двајца полицајци

На 12.07.2021 во 14.30 часот во Скопје, на ул.„Љуботенски пат”, од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода – Отсек потраги, во содејство со Единица за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Р.С.(40) од с.Љуботен, скопско, кој управувал патничко возило „пасат”, со скопски регистарски ознаки.

За него биле распишани централна и меѓународна потерница за доиздржување на казна затвор од 2 години 11 месеци и два дена. Р.С. е осуден на вкупна затворска казна од 5 години и 8 месеци, во врска со чл.418 од Кривичниот законик.

Притоа, при запирањето, Р.С. удрил со возилото двајца полициски службеници, кои се здобиле со полесни повреди. Р.С. бил совладан и предаден во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка, по што ќе биде предаден во казнено-поправна установа за доиздржување на казната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e