Приведен 32-годишен кумановец по распишана потерница

На Граничниот премин Табановце, на влез во државата, вчера во 22 часот бил лишен од слобода Р.О.(32) од Куманово.

Како што соопшти МВР, по извршена контрола било констатирано дека е баран по потерница од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение потраги, за издржување казна затвор од две години и шест месеци, за сторено кривично дело по чл.236 став 1 од Кривичниот законик.

Р.О. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e