Приведен 20-годишник поради сомневање дека подметнал пожар

Од полициски службеници на СВР Струмица денеска бил лишен од слобода Д.К.(29) од село Баница, поради постоење основано сомнение дека предизвикал пожар, при што била опожарена трева и нискостеблеста вегетација, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Имено, како што наведоа од МВР, по пријава примена во СВР Струмица во 11:38 часот, според која на излез од Струмица кон село Дабиле настанал пожар, Д.К. бил затекнат на лице место и задржан.

– Тој е приведен во полициска станица и во консултација со Јавен ообвинител од ОЈО Струмица, по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Пожарот е изгаснат од страна на противпожарна екипа, а увид извршен од увидна екипа на СВР Струмица, посочија од МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e