На 25.03.2018 година, по претходно издадена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на лицето А.А. (40) од Дебар.
При претресот биле пронајдени и со потврда биле одземени еден пиштол „Застава“ калибар 7,65мм кој го поседувал без одобрение, со рамка со три куршуми калибар 7,65мм и еден куршум калибар 7,65мм кој се наоѓал во цевката од пиштолот; една најлонска ќеса со марихуана и мобилен телефон.
Одземените предмети биле дадени на вештачење, а А.А. бил приведен и здржан во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка. По целосно расчистување на случајот, против А.А. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.