Лице в лице претседателот Стево Пендаровски го продолжува во Кочани. Посетата ја започна во фабриката „Екста-Фунги“, која се занимава со откуп и преработка на диви печурки.
-Од 1988 година фирмата постојано бележи раст и успеси. Тоа за помалите градови, како Кочани, е важно бидејќи се создаваат можности за нови вработувања и подобрување на животниот стандард на локалното население. Проблем со кој се соочува фабриката е недостиг на сезонска работна сила, истакна претседателот Пендаровски.