Претрес во Скопје, пронајдена дрога и халуциногени средства

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје при МВР во кооординација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога денеска го лиши од слобода М.С.(29) од Велес, со престојувалиште во Скопје.

При претрес во дом, извршен со судска наредба, информираат од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана, масло од хашиш, поголема количина халуциногени средства и пари од продажба на дрога.

– М.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, стои во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e