Прeтрес во Битола, пронајдена дрога,приведено едно лице

На 05.05.2021 во 21.00 часот на ул.„Прилепска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Л.(38) од Битола. При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана, а подоцна при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со траги од марихуана и пари.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e