Младите таленти, музички виртуози од градот во класата на професорката Лариса Жулина – Митовски вчеравечер ја преполнија салата при Домот на култура во Крива Паланка.
Публиката уживаше во Концертот на млади музичари во рамки на “Кривопаланечко културно лето 2023”.

Салата беше исполнета до последно место, а публиката не ги штедеше аплаузите за младите уметници.

– Се чуствувам многу среќна по успешниот концерт! Се гордеам со сите мои ученици-млади музички таленти некои се уште во основно училиште, некои се во средно музичко, а некои веќе завршуваат факултети за музичка уметност во Штип и Пловдив, Р.Бугарија
Сите на сцената беа извонредни. Многу пријатно сум изненадена од публиката која дојде во голем број и со големо внимание и чувство го следеше концертот, изјави професорката Жулина Митовски под чие менторство работеа музичарите.

Таа упати голема благодарност до организаторите на овој целовечерен настан, а особено до директорот на Центарот за култура Антонио Стојановски, а изрази и благодарност за поддршката до Општината Крива Паланка, Центарот за култура и Градскиот
музеј- Крива Паланка, во соработка со здруженијата од областа на културата и уметноста од градот. Професорката упати благодарност за поддршката и до Министерството за култура!

