Премиерот Зоран Заев придружуван од Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Трајан Димковски и Директорот на АФПЗРР – Николче Бабовски, денес ќе бидат во посета на Битола, по повод доделувањето на првите картички за искористување на мерката за зелена нафта.
Во текот на денот премиерот Заев ќе оствари средба и со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.