Малолетник бил повреден и пренесен во болница откако бил удрен од автомобил марка „Опел“ во скопската населба Аеродром, објави Телма телевизија.
Според телевизијата, информацијата е потврдена и од полицијата, а незгодата се случила околу 13 часот.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.