Три малолетнички се повредени, од кои една потешко, вчера при судир на три автомобили во Бутел.
Според МВР, сообраќајната несреќа се случила околу 18.40 часот на крстосница на булевар Босна и Херцеговина и сервисна улица. Тогаш се судриле „мерцедес” управуван од Д.Т.(19) од Скопје, автомобил „ауди” што го управувал скопјанецот Ј.Д.(29), како и „ауди” управувано од Ф.С.(56), исто така од Скопје.
При сударот возилата удриле во тројца пешаци.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобилa малолетничка-пешак, а со телесни повреди се здобиле уште две малолетнички-пешаци, како и возачите Ј.Д. и Д.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, Градската општа болница „Св.Наум Охридски” и Градска општа болница „8-ми Септември” велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.