Полицијата извести дека шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина откако вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово.
Според полицијата, пешакот Д.И. во незгодата здобил тешки повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 19 часот починал.
На местото на сообраќајката бил извршен увид од екипа на полициската станица од Крива Паланка.