Прегазен 58-годишен маж во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во 16.00 часот на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, патничко возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(34) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во пешакот Р.С.(58) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Р.А., додека со телесни повреди се здобил Р.С.. Двајцата со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e