Предпразнично со музика – одржани Новогодишни концерти во градинката „Детелинка“

По повод Новогодишните празници, традиционално како и секоја година, во сите објекти на Детската градинка „Детелинка” во Крива Паланка беа одржани новогодишни концерти од страна на учениците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка.
„Новата година што иде, весела нека ни биде“! Со новогодишни пораки и песнички основците им ги честитаа на најмалите претстојните празници. Уште едно успешно претставување имаше и училишниот оркестар.

Учениците преку своите инструменти вешто ја доближија класичната музика до најмалата популација за што децата од градинката им возвратија со многу среќни насмевки и аплаузи.

Организатор на Новогодишните концерти е наставничката-ментор Лариса Жулина-Митовски која изрази задоволство од прекрасната, незаборавна празнична атмосфера и воодушевување од топлиот прием на сите вработени во Детската градинка “Детелинка” и директорката Олгица Георгиевска.

– Огромна благодарност упатуваме кон сите учесници, како и на нивните наставници Маја Златковска, Мирјана Петкова, Јагода Ангеловска, Даниела Ѓорѓиовска, Татјана Николовска, Милица Димитриевска и Верa Стоименовска, вели професорката Жулина-Митовски.

Еве дел од атмосферата низ фотографии:

cbef8856-c94e-48f1-aa42-219abdb7f9f8 a4e789dc-f5ab-4bb9-9498-17a83563206a 6591f633-7bde-450e-add7-a834bd9da303 7d55f34b-3c31-45bd-a7ff-7a1af2808931 4f3b8e4e-6254-4135-92c6-bb553bbbdfc4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e