Од МВР со детали за страотната сообраќајка што се случи кај кривопаланечкото село Љубанци, а во која загина возач на ауди кој имал 21 година.
На 14.08.2023 во 01.28 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце, во село Љубинци, И.М.(21) од Крива Паланка, управувајќи патничко моторно возило „ауди” со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во банкина на патот. Од здобиените повреди, возачот И.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, сопатниците Ј.С.(21), Х.С.(22) и М.С.(21), сите од Крива Паланка, се здобиле со повреди констатирани во Општа болница Куманово.Увид на место на настанот извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
