Познат идентитетот на загинатиот 25-годишен возач од село Нерав

Млад живот згасна завчера во тешка сообраќајна несреќа кај местото викано Смилчинци. Дваесет и петгодишниот С.Т. од селото Нерав го загуби животот откако неговиот „Фолксваген голф“ удрил во куче скитник, по што возачот изгубил контрола и излетал во спротивната лента.

Директниот судир со возило „БМВ“ бил фатален. Иако момчето било итно пренесено во кумановската болница, лекарите само констатирале смрт.

„По ударот во кучето, возилото преминало на спротивната страна и директно се судрило со ‘БМВ’ управувано од 27-годишен жител на Длабочица. Во несреќата тешко се повредени уште три лица“, информираат од МВР.

Роднините и пријателите на социјалните мрежи веќе се простуваат од С.Т. со трогателни пораки, во неверување за прераното заминување на младиот возач.

Screenshot 2026-02-17 113151

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e