Пожар во нова зграда во Аеродром, загина жена

Во пожар кој избувна вечерва во стан во зграда на улицата Методија Шаторов-Шарло во скопската населба Аеродром, загина неподвижна жена која боледувала од рак, објави СДК.мк.

Според командантот на противпожарната бригада, Владимир Симоновски, пожарот, кој избувнал во нова зграда, е изгаснат, а тој потврди и дека жената загинала. Симоновски вели дека таа за утре имала закажано операција. Живеела сама во станот и не можејќи да побегне, се задушила од отровните гасови.

Екипа на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Јавен обвинител вршат увид во опожарениот стан кај починатата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e