„По пријавата на вработените во текот на вчерашниот ден дека во депонијата ‘Мегленци’ има пожар, екипи на ЈП ‘Комуналец’, веднаш реагирале на терен за да се спречи натамошното ширење и да се локализира пожарот. За таа цел, веднаш биле известени сите надлежни институции, а биле повикани на помош и екипи од РЕК Битола и Општина Новаци, на чија што територија се наоѓа депонијата“, велат од Општината.
Поради топлото време, пожарот зафатил големи површини и се проширил во вечерните часови, но истиот веќе е ставен под контрола. Случајот е пријавен и во СВР Битола, но засега не се знае кои се причините за опожарувањето на депонијата.