Се уште е активен пожарот што од вчера зафати делови на шума и нискостеблеста вегетација на потегот меѓу селата Косел, Опеница и Вапила.
Од општина Охрид, како што информираат, ги ангажирале сите распололживи ресурси за гаснење, а во моментов заседава општинскиот Кризен штаб во присуство на градоначалникот Константин Георгиески, со цел координација во справувањето со стихијата.
Во гаснењето се вклучени екипи на теиторијалната противпожарна единица од Охрид, на општинските јавни претпријатија, Шумското стопанство, а на пат кон локацијата се и авиони од Дирекцијата за заштита и спасување.
Активностите за справување со пожарот се одвиваат во сложени околности поради непристапноста на теренот и топлото време.