Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, придружуван од претседателот на ОО СДСМ Сарај, Драган Ацевски, учествуваа на работен состанок со раководството и членови на месната заедница на СДСМ во село Шишево.
На состанокот се разговараше за креираните и имплементираните политиките кои носат економски раст, градат економија која нуди еднаква шанса за сите и носи напредок, подобар живот и повеќе пари кај граѓаните, како и за промените во партијата и во извршната власт со цел да се забрзааат напредокот и интеграциите.
-Минималната плата порасна до 12.507 денари и е еднаква во сите стопански гранки, нема повеќе дискриминација. Просечната нето плата годинава е повисока за 3.5 отсто од лани. Од септември годинава покачени се платите на сите вработени во јавната администрација за 5 отсто. Дополнително обезбедени се 200 милиони денари за вработување со што се докажа домаќинското и одговорно работење на Владата предводена од СДСМ да ја намали невработеноста која веќе е на историски најниски 17.5 проценти – порача Манчевски.