Потпишан договорот за реконструкција на детската градинка „Детелинка“ во Крива Паланка

Со грант од Амбасадата на Јапонија во РС Македонија ќе се реконструира детската градинка “Детелинка” во Крива Паланка.
Денес Амбасадорот на Јапонија во земјва, Савада и директорката на ОЈУДГ “Детелинка”, Мирка Јакимовска официјално го потпишаа договорот.
Со грант од 53.306 од GGP програмата за мали проекти и човекова безбедност, во објектот “Пролетна роса” ќе се изврши:
-реконструкција на кујната што ги опслужува сите три објекти според HACCP;
-замена на дотраена електрична инсталација;
– реновирање на санитарните јазли во приземјето на објектот;
-обнова на подна и ѕидна конструкција.
Продолжуваме посветено со грижата за најмладите жители на општината, порачаа од општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e