Поради непочитување на ковид мерките, приведен сопственик на угостителски објект во Тетово

Тетовската полииција синоќа го привела Ф.И.(33), затоа што неговиот угостителски објект на ул.„Илинденска“ во Тетово работел со гости по дозволеното време утврдено со мерките за справување со коронавирусот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Ф.И., бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде поднесена пријава поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, казниво според член 206 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e