Од општина Крива Паланка известуваат дека почнувајќи од 15-ти месецов, ќе се започне со рехабилитација на патниот правец с. Луке- с.Киселица.
Работите ќе се изведуваат секој работен ден освен недела од 09-16 часот, поради што истиот ќе биде затворен за сообраќај.
Се молат сите граѓани да имаат разбирање и да се придржуваат до даденото известување со цел да се обезбеди побрза и поефикасна реализација на градежните активности. – стои во известувањето од локалната самоуправа на Крива Паланка.